Македонија

Замрзна дел од Охридското Езеро

Ниските температури кои во текот на изминатите денови се присутни низ целата територија на Македонија, придонесоа за замрзнување на делови од Охридското Езеро крај струшкото крајбрежје.

Замрзна крајбрежјето на езерото во близина на „Женска плажа“ во Струга. Ниските температури кои ноќе достигнуваат и до минус 16 степени целзиусови доведоа до мрзнење и на поплитките делови од езерото кај Калишта, Радожда и во Охрид.

Замрзнати делови има и на акумулацијата „Глобочица“.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни