Западен Балкан треба да и се доближи на ЕУ – Финскиот министер: „И ЕУ има проблеми“

И самата ЕУ понекогаш има проблем со владеењето на законот и почитувањето на вредностите, но Западен Балкан треба да се приближи до ЕУ, смета финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто, чија земја во моментов е на чело на Советот на Европа. Ставот на Финска е дека Македонија и Албанија треба да ги започнат преговорите за членство, меѓутоа на крајот треба да се слушнат ставовите на сите земји членки за проширувањето.

„Не можам да кажам дали сум оптимист или песимист меѓутоа во Брисел е интензивирана дебатата за пристапување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ. Државите треба да се изјаснат за своите позиции, има многу позитивни коментари и се надевам дека нашата поволна позиција како претседавач со ЕУ ќе влијае на тоа“, рече Хависто.

Доколку земјава добие датум, промените нема да се случат преку ноќ, вели министерот за надворешни работи на РСМ, Никола Димитров, процесот ќе трае, со длабок мониторинг,  до правна држава во која владее ред.

Министерот за надворешни работи на Финска се сретна и со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Осман како и претседателот Стево Пендаровски.

Извор: ТВ21