Свет

Запален брод со речиси 3000 автомобили! Има мртви, екипажот се спасил со скок во морето

Запален брод со речиси 3000 автомобили! Има мртви, екипажот се спасил со скок во морето

Пожар избувна на товарен брод кој превезувал речиси 3.000 автомобили од Германија во Египет. Едно лице загина, а екипажот се спасил скокајќи од бродот.

Едно лице загина во пожар на товарен брод кој превезувал речиси 3.000 автомобили од Германија во Египет, а несреќата се случила на брегот на Холандија .

Неколку лица се повредени. Морнарите скокнале во морето, а во тек е спасувачка операција, јавува холандската крајбрежна стража, пренесува Ројтерс .

Бродот Fremantle е  вообичаено регистриран во Панама. Причина за пожарот бил електричен автомобил. Товарниот брод од Германија до Египет превезол вкупно 2.857 автомобили, од кои 25 електрични.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни