Пред Самитот на Г7 што ќе се одржи во Германија на 26 јуни, во Минхен беа запалени 8 полициски возила.
Според изјавата на минхенската полиција во Германија за германскиот печат, во текот на ноќта биле запалени 8 минибуси на полицијата. Од подметнување пожар предизвикана е голема штета.
Се дозна дека возилата биле користени за трансфер на персонал во замокот Елмау, каде што ќе се одржи Самитот Г7.
Полицијата се сомнева дека подметнувањето пожар е политички мотивирано и започна истрага од големи размери.
Самитот на Г7 ќе се одржи во замокот Елмау во Гармиш-Партенкирхен, 80 километри од Минхен.
На самитот ќе се соберат шефови на држави и влади од САД, Англија, Германија, Франција, Италија, Јапонија и Канада.
