Македонија

Започнува расправата за ребалансот на Буџетот за 2025 година – над 200 амандмани на маса

Започнува расправата за ребалансот на Буџетот за 2025 година – над 200 амандмани на маса

Почнува расправата во Собранието за Предлогот за именување и дополнување на Буџетот за 2025 година во второ читање. Процесот започнува денеска на седницата на Комисијата за финансирање и буџет.

Општиот претрес и амандманската расправа во Комисијата ќе трае 10 дена. За Предлог-буџетот се поднесени над 200 амандмани. Владата го усвои Предлог ребалансот на 19. јуни, а вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а капиталните расходи се планирани во висина од 47,5 милијарди денари.

Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата се очекува и натаму да биде на ниво од 2,8 %. Буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска рече дека економската активност во Македонија добива на динамика и забрзува, и дека таквиот тренд ќе продолжи.

„Дисциплинираниот пристап во управувањето со јавните финансии ќе продолжи, буџетскиот дефицит останува непромент и во апсолутен износ и како процент од БДП и е понизок од остваренито дефицит минатата година, внимателен и сериозен пристап применуваме и во управувањето со јавниот долг, а за тоа најважен показател е намалувањето од 36 милион евра регистрирано во првиот квартал од 2025 година“, рече Димитриеска Кочоска.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни