Запознајте го мачорот Бенсон: Од бездомник, до Инстаграм ѕвезда

Познатото маче Бенсон е поранешен бездомник кој бил спасен од улица, а сега на својот Инстаграм профил има над 216 илјади следбеници.

Се работи за мачор кој само пред неколку месеци стана светски познат со своите неодоливи комбинации облека, а неговата „животна приказна“ говори дека сопствениците го пронашле животинчето пред пет години додека лутало по улиците на Дубаи.

Тоа било напуштено милениче, а сегашните сопственици го посвоиле и го однеле дома во Америка.

Бенсон бил многу мирно маче, а луѓето забележале дека секојпат кога камерата е свртена кон него, тој седи мирно како да позира, па така настанале и првите фотографии со очила, со облека, за кои се чини дека воопшто не му пречеле.

„По некое време станавме малку посмели со облеката, па дури и капчиња. Имаше целосен изглед, освен чевли. Апсолутно мрази секаков вид чорапи и чевли“, открива сопственикот на мачорот.