Секој возач треба да стекне навика за својата возачка врата да ја отвора со десната рака, а причината според стручните лица и познавачите, е повеќе од сериозна.
Имeно, многумина возачи кога излегуваат од возилото, ја отвораат вратата со лева рака, но, кога се отвора со десната рака, на овој начин возачот ја врти главата нaстрана и има можност навреме да види дали покрај автомобилот поминува велосипедист или мотоциклист кој би можел да биде соборен со отворање на вратата, или можеби друго возило што може да ја откорне вратата и притоа некој да биде повреден.
Во таа смисла, за совозачите се препорачува отворање со левата рака.
Многу често се случуваат несреќи. На пример, велосипедист не може да знае дека возачот ќе излезе од возилото во тој миг, ако возачот не гледа што се случува на патот, туку автоматски ја фаќа рачката на вратата со левата рака и ја отвора. Експертите велат дека ова се секунди што можат да значат живот или смрт.
Отворањето на возачката врата со десната рака всушност го тера возачот да го сврти горниот дел од телото, а со тоа и патот е во неговото видно поле.
