Балкан

Заразен со коронавирус се фрлил од прозорец во болница во Тирана

Шеесетгодишен пациент со коронавирус загина откако скокнал од прозорецот на една болница во Тирана, јавуваа албанските медиуми.

Настанот се случил околу полноќ, а пациентот бил сместен во болница 10 дена каде се лекувал од вирусот Ковид-19, пренесува албанската агенција НОА.

Полицијата веднаш излегла на терен и почнала истрага во врска со овој случај.

Ова е петти пациент во Албанија кој си го одзеде животот во миговите кога се лекувал од коронавирус.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни