Согласно приоритетите на Владата како што се здравјето на граѓаните и квалитетот на образованието, на денешната владина седница беше донесен заклучок за вечерва во 20:00 часот да се свика состанок на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) за менаџирање со справувањето со последиците од пандемијата со КОВИД-19 и во консултација со Комисијата за заразни болести.
Точка на дневен ред е прашањето за почетокот на второто полугодие од наставата во основното и средното образование.