Во текот на денот заседава Комисијата за заразни болести на која треба да се разгледува актуелната епидемиолошка состојба како и ефектите од донесените мерки за невакцинираните лица.
Според најавите, треба да се разговара и за евентуално продолжување на рокот на важност на сертификатот за прележаност од коронавирус, кој моментално важи само 45 дена по прележувањето.
Според Министерот за здравство, Венко Филипче новодонесените мерки даваат резултати, а во земјава заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 674.510 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.108 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.712 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.177.911 дози вакцини, а ревакцинирани се 503.401 граѓани.