Утринава заседава комисијата за заразни болести, а донесените предлог мерки на прес конференција ќе ги соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Филипче ќе се обрати од просториите на Владата, а прес конференцијата е закажана за 11 часот.
Вчера 999 нови случаи со коронавирус во Македонија, а најголем дел од нив се со новиот британски сој кој е многу полесно пренослив и со поголема моќ, односно во пократок временски период може да заразни повеќе лица.