Македонија

Заштита и промоција на јазикот и културата: Македонија дел од регионалниот национален совет на Бошњаците

Националниот совет на Бошњаците на Македонија доби легитимитет и стана член со сите права во Регионалниот совет на Бошњаците. Со тоа тие стануваат претставници на Бошњаците од Македонија во овој орган каде ќе се собираат и координираат претставниците од целиот Балкан.

-Нашата основна цел и начело е промоција на јазикот, културата традицијата и учеството во институциите на образованието, културата и науката-вели Неџат Мулабеговиќ, претседател на Советот во Сараево.

Националниот совет што ќе ја претставува Македонија се состои од 6 невладини организации вели претставникот Џеват Хот. Тој додава дека  Бошњаците овој совет треба да го искористат за исполнување на своите права.

Во Косово се уште не постои национален совет на Бошњаците како институција но се работи на тоа, вели претставничката на Бошњаците во конститутивниот совет на заедниците во Косово.

-Ние работиме на тоа и сега во новиот предлог закон кој треба да претрпи измени, за етничките заедници, предложено е да се формира и бошњачки совет и совет за сите заедници во Косово-рече Сенада Сакдати.

Освен во Босна и Херцеговина, во Регионалниот национален совет учествуваат и претставници од Србија, Црна Гора, Хрватска, а наскоро ќе се придружат и Словенија и Косово.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни