Засилен ветер и пообилни врнежи на одредени места во среда и четврток

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. T=19°C. P=974hPa. U=32%. V=2m/s.

Во вторник и во среда претпладне ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Во среда и четврток ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен правец. Дневната температурата ќе има тенденција на опаѓање.