Свет

Засилена безбедност во Рим

Засилена безбедност во Рим

Рим е под строга безбедност за погребот на поглаварот на Римокатоличката црква.

Властите распоредија повеќе од 2.000 полицајци, вклучувајќи снајперисти и специјални сили.

Поврзана објаваВО ЖИВО Погреб на папата Франциско, илјадници луѓе на плоштадот „Свети Петар“

Воздушниот простор над главниот град е затворен од полноќ во петок, додека полицајци од антитерористичката и антидронови служба, облечени во жолти елеци, се на терен. Полицајците ќе патролираат и низ метро системот, а снајперисти ќе бидат распоредени на покривите.

Дополнително, ќе бидат распоредени безбедносни сили на Ватикан, кои ќе дејствуваат независно, но во координација со римската полиција. Во Ватикан е формиран команден центар.

Поврзана објаваКои се светски лидери ќе присуствуваат на погребот?

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни