Засилени сообраќајни контроли во Струмица: 116 санкционирани возачи, 32 нерегистрирани возила

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.10.) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Струмица.

Се вчитува...

Притоа изречени се вкупно 116 санкции, меѓу кои 32 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), а санкционирани се и шестмотоциклисти.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

.

Извор: ТВ21