Секој од нас има свои битки и проблеми во животот. Недостатокот на сон е еден од нив, а е поврзан со стресот, недостатокот на секојдневен ритам и емоционални шокови што ги доживуваме секој ден.
Сите знаеме колку е важен добриот сон и со задоволство ви го откриваме начинот на заспивање за две минути, што се користи во американската војска.
Тајната за брзо опуштање и заспивање беше опишана во книгата „Опуштете се и освојте: совршен успех“, уште во 1981 година, но дури сега за овој метод почна да се зборува јавно и да се применува од обичните луѓе. Методот, опишан во оваа книга, се покажа како ефикасен во 96% од случаите за 6 недели тестирање.
Овој метод вклучува свесна мускулна релаксација, употреба на техники на дишење и визуелизација. Следните неколку чекори треба да се преземат пред да заспиете. Сите тие нема да ви одземат повеќе од две минути.
Чекор 1 – Опуштете ги сите мускули на лицето, вклучувајќи го и јазикот, вилицата и мускулите на очите.
Чекор број 2 – Опуштете ги рамената колку што е можно повеќе. Потоа целосно опуштете ја десната, а потоа левата рака.
Чекор број 3 – Издишете и опуштете ги градите. Потоа опуштете ги нозете, почнувајќи од колковите, па се до прстите.
Чекор 4 – Претходните чекори изгледаат едноставни, но сега нешто посложено: обидете се да не размислувате за ништо.
Поминете така 10 секунди, а потоа замислете ги овие три слики, кои ќе ви помогнат да се опуштите и да не размислувате за ништо.
Слика број 1 – Лежите во чамец што плови по езеро, додека околу вас нема ништо освен чистото небо над вашата глава.
Слика број 2 – Лежите на лулашка, во темна просторија.
Слика број 3 – Повторете: Не размислувајте, не размислувајте, не размислувајте … – 10-20 секунди.
