Свет

Застанува ли нафтениот промет?! Целиот свет стравуваше од ова: Иранската револуционерна гарда го затвори Ормутскиот Теснец

Застанува ли нафтениот промет?! Целиот свет стравуваше од ова: Иранската револуционерна гарда го затвори Ормутскиот Теснец

Иранската револуционерна гарда упати порака до бродовите дека не можат да поминат низ Ормутскиот Теснец, пренесува агенцијата „Тасним“.

Претходно беше соопштено дека поголем број танкери за нафта или гас ја избегнуваат пловидбата низ Ормутскиот Теснец, кој го поврзува со нафта богат Персиски Залив со Индискиот Океан.

Танкери со нафта и гас се натрупуваат и внатре и надвор од влезот во теснецот, при што некои сопственици ја преиспитуваат својата политика за транзит, а други одобруваат пловидба на своите бродови, но со зголемена претпазливост, пренесуваат западни медиуми.

Ормутскиот Теснец е едно од најголемите жаришта во периоди на тензии со Иран, бидејќи секојдневно низ оваа рута поминува една петтина од светската морска нафта и течен природен гас.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни