Застоени мириси во плакарот? – Еве како да се ослободите од нив

Застоените мириси во плакарот навистина можат да бидат упорни. Во продолжение четири совети како да се ослободите од нив на едноставен начин:

  • Сода бикарбона

Ставањето отворена кутија сода бикарбона во области со застоен воздух, како што се плакари и полици, може да помогне во апсорпцијата на некои од овие долготрајни мириси, вели експертот за животна средина Тони Харис.

  • Есенцијални масла

Освен што ќе го апсорбира непријатниот мирис, ќе додаде и свежина на облеката. Харис вели дека исто така можете да наполните сад со половина чаша сода бикарбона и неколку капки од омиленото есенцијално масло.

„Едноставно протресете го еднаш неделно за да го освежите мирисот и да ја засилите сода бикарбоната што го апсорбира мирисот“, додава тој.

  • Сапун

Дали имате сапун во близина што не го користите? Можете да го користите за освежување на плакарот или фиоките. Но, мора да проверете дали е завиткан во хартија, бидејќи не сакате остатоци од сапун да се појават на вашата облека или во фиоките.

  • Кесички со лаванда

Друг начин да ја освежите гардеробата е да направите свои кесички со лаванда. Сè што ви треба е ориз и исушени пупки од лаванда. Наполнете ги кесите со ориз и лаванда, така што таа ќе мириса доволно силно.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното