Во последните две недели бројката на новозаразени со коронавирус надминува над 100. Само вчера беа регистрирани 186 нови случаи. Се смета дека ова е втор бран на вирусот, бран кој здравствените власти го очекуваа наесен. Но, по драстичниот раст на новозаразените, екипата на ТВ21 излезе за да ги праша граѓаните – дали сега веруваат во постоењето на коронавирус? Дел од граѓаните сѐ уште со сомнежи.
Поголемиот дел од анкетираните веруваат во ризикот од вирусот уште од самиот почеток. Еден граѓанин вели дека дури и дома носи маска.
-Уште од почетокот верував дека постои вирусот и мислам дека ќе продолжи, бидејќи ова е светско нешто и треба да се чуваме.
-Вирусот постои.
-Од кога?
-Уште од почеток верувам дека има вирус. Да немаше, тогаш немаше да биде изолиран целиот свет, сигурно има нешто.
-Кои сме ние за да не веруваме во вирусот? Треба да се пазиме, а видете што се случува во Чаир. Слушаме на телевизии, состојбата е катастрофална. Зошто Албанците не се опаметуваат? Срам ми е да го кажам ова, но еве што се случува.
Синоќа министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека зголемувањето на бројот на заразените е поради масовните тестирања и додаде дека според неговите прогнози, во следниот период се очекува намалување на бројот на нови случаи на Ковид-19.
.