Македонија

Затворен автопатот од Свети Николе кон Скопје поради сообраќајна несреќа

Доцна попладнево тешка сообраќајна несреќа целосно го затвори автопатот од Свети Николе кон Скопје, дознава 4NEWS.mk

Според наши информации во моментов на терен е полицијата и возило на брза помош.

Започнат е увид, па поради тоа не се пропуштаат возила на автопатот.

И неколку граѓани до нашата редакција пријавија дека на овој патен правец има застој.

Во моментов немаме информации за состојбата на учесниците во сообраќајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни