Официјални претставници истакнаа дека завршени се сите градежни зафати за зајакнување на катедралата Нотр-Дам во Париз, а со тоа се овозможува и да започне делот за реставрација на истата, само две години откако пожар го уништи поткровјето и предизвика кулата да падне низ сводот.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, кратко по пожарот во април 2019 година, истакна дека катедралата која датира од 12 век ќе биде целосно обновена и вети дека истата ќе биде отворена за верниците до 2024 година, кога Франција ќе биде домаќин на Олимпијадата.
Државната агенција која ги предводи зафатите истакна дека последната фаза на зајакнување на структурата вклучува зајакнување на сводите со џиновски дрвени заоблени рамки, а додаваат и дека работите се одвиваат во согласност со планот за отворање кој е изготвен од страна на Макрон.
Исто така, целосно ќе биде обновен претходниот дизајн на катедралата, што ја вклучува и кулата од 96 метри, дизајнирана од архитектот Јуџин Виолет-ле-Дук во средината на 1800-тите години и за која беше избрано ново дрво.
Работата на реставрацијата на катедралата треба да почне во следните месеци, откако ќе заврши тендерот за избор на компаниите изведувачи. Пред тоа, овој месец ќе почне процесот на чистење на внатрешните ѕидови и подот на катедралата, соопшти агенцијата.
