Здравко Чолиќ испрати помош за поплавените во БиХ: Легендарниот пејач покажа голема хуманост

Регионалната музичка ѕвезда Здравко Чолиќ им помогна на настраданите од катастрофалните поплави што ја погодија Босна и Херцеговина испраќајќи камион со вода.

Дел од пакетот веќе пристигнал во собирниот центар, пишуваат медиумите во БиХ.

Вака Чолиќ уште еднаш ја докажа својата хуманост. Тој ги повика сите да се солидаризираат со настраданите од овие страшни поплави.

Да потсетиме дека поплавите ги зафатија Јабланица, Коњиќ, Кисељак, Фојница и Крешево.

Според последните информации, загинале 18 лица – 16 во Јабланица и две во Фојница.