Македонија

Зечевиќ и Шилегов нема да влезат во Владата, рекоа од СДСМ

Зечевиќ и Шилегов нема да влезат во Владата, рекоа од СДСМ

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска ги нарече „дезинформации“ наводите кои се пласирани во про опозициските медиуми дека Миле Зечевиќ, кој во моментов е генерален секретар на СДСМ, ќе го замени Оливер Спасовски во Министерството за внатрешни работи, додека пак поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов, ќе го замени Благој Бочварски во Министерството за транспорт и врски, на местото од Благој Бочварски, објави Локално.

Оливер Спасовски заминува од МВР, a Благој Бочварски од МТВ?

„Станува збор за дезинформација, не е точно“, вели Кузеска за „Локално“.

Таа посочува дека шпекулации се информациите дека ќе има мини реконструкцијата на Владата откако министерот за локална самоуправа и лидер на ЛДП, Горан Милевски соопшти дека се повлекува од владиниот кабинет.

Извор: Локално

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни