ОД почетокот на тоталната инвазија, две илјади украински деца се вратени од привремено окупираните територии и од Русија. И покрај ова, повеќе од 1,6 милиони деца се уште се на овие територии, објавува Украинска правда.
Детали за враќањето
Според Канцеларијата на комесарот за човекови права, институцијата учествувала во враќањето на 419 деца. Од нив, 83 деца се вратени од привремено окупираните територии и од Русија со поддршка на Државата Катар, додека враќањето на 19 е олеснето со посредство на поранешната прва дама на САД Меланија Трамп.
Зеленски: Нема да застанеме додека не се врати секое дете
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека илјадници украински деца се уште се во руско заробеништво. „Илјадници украински деца се уште се во руско заробеништво и секојдневно стануваат жртви на нивните злосторства. Но, нема да застанеме додека секое украинско дете не се врати дома“, рече Зеленски.
Лубинец: Идентитетите на децата се избришани
Комесарот за човекови права Дмитро Лубинец изјави дека повеќе од 1,6 милиони украински деца сè уште живеат на привремено окупираните територии, каде што се изложени на пропаганда и обиди за бришење на нивниот идентитет.
„Образовниот систем таму е претворен во алатка за идеолошко влијание. Децата се отсечени од Украина, од јазикот, од вистината. Секој ден во депортација или под окупација е ден на изгубено детство. Ден без нивниот мајчин јазик. Без семејство. Без безбедност“, рече Лубинец. Лубинец претходно објасни дека е потешко да се вратат помладите деца од Русија во Украина бидејќи се премногу млади за да го бранат сопствениот идентитет.