Свет

Зеленски до Западот: Се грижите само за економијата

Зеленски до Западот: Се грижите само за економијата

Денеска е 22 ден од руската инвазија на Украина. Гранатирањето на украинските градови продолжува. Најмалку едно лице загина, а три се повредени кога остатоци од уништен проектил паднале врз станбена зграда во украинскиот главен град Киев, соопшти Украинската служба за итни случаи.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати пред германскиот Бундестаг во Берлин.

Откако на почетокот на својот говор доби овации, тој ги повика лидерите да преземат поголема акција во борбата против руската агресија. „Сè што ви е важно е економијата“, рече тој.

Тој ја повика Германија да ја преземе „главната улога што ја заслужува“ и го повика канцеларот Олаф Шолц да го урне „ѕидот“ против слободата што го подигна Русија во Европа.

Зеленски го критикуваше недостатокот на мерки пред инвазијата и им рече на пратениците дека санкциите дојдоа предоцна, јавува Би-Би-Си.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни