Свет

Зеленски е номиниран за Нобеловата награда за мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски беше номиниран за Нобеловата награда за мир од група европски политичари во отворено писмо упатено до Нобеловиот комитет, пренесува БНР.

„Светот е шокиран од сликите на војната кои доаѓаат од Украина. Милиони семејства сега живеат во страв, нивните домови и егзистенцијата се загрозени од бомбардирање и инвазивна војска. Сведоци сме на храброста на народот на Украина кој дава отпор на оваа војна ., предводена од Руската Федерација“, напишаа дипломатите во писмото до Нобеловиот комитет.

Групата побара рокот за номинација да се продолжи до 31 март, за Зеленски и народот на Украина да се сметаат за номинирани за Нобелова награда. Писмото, кое е отворено за потпишување до 30 март, веќе е потпишано од 36 политичари од цела Европа.

За да ја земе предвид номинацијата, Нобеловиот комитет ќе мора да направи исклучок од своето правило, кое вели дека сите номинирани мора да бидат препорачани за наградата пред 31 јануари.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни