Свет

Зеленски: Имаме резолуција за барањата на Москва

Зеленски: Имаме резолуција за барањата на Москва

Не сме подготвени за ултиматуми, нагласи украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој ги коментираше барањата на Кремљ Киев да се откаже од членството во НАТО, да го признае Крим како руски и да ги признае Народните републики Доњецк и Луганск како независни.

„Покомплицирано е отколку само да ги признаеш. Го имаме можното решение и решение за овие три барања. „Претседателот Путин треба да започне дијалог наместо да живее во информативен балон без кислород“, рече Зеленски.

И во разговор со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, рускиот претседател Владимир Путин ја повика Европа да ги натера властите во Киев да го почитуваат хуманитарното право.

Украина вели дека нема прекин на огнот и го опиша предлогот на Москва како „неморален“. Причината е што коридорот за евакуација од Киев води кон Белорусија, а оние за излез од Харков – само кон Русија. Сепак, има и такви кои одат таму. На снимката се гледа како бегалците пристигнуваат од Украина во Русија.

Во меѓувреме заврши третата рунда преговори меѓу Русија и Украина. Преговорите во Беловежска Гора меѓу Москва и Киев траеја три часа.

Постигнати се позитивни резултати за хуманитарни прашања. Двете делегации ќе продолжат со средбите.

Во четврток треба да се одржи и средба меѓу министрите за надворешни работи на Русија и Украина во турското летувалиште Анталија.

И Европската унија официјално изјави дека ќе ги разгледа барањата за пристап на Украина, Грузија и Молдавија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни