Свет

Зеленски: Нема да одам на самитот на Г20 ако оди Путин

Зеленски: Нема да одам на самитот на Г20 ако оди Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека нема да оди на самитот на Г-20 доколку рускиот претседател Владимир Путин учествува на тој самит. Самитот на Г-20 ќе се одржи за две недели во Бали, Индонезија.

Зеленски денеска разговараше со индонезискиот претседател Јоко Видодо и потврди дека разговарале за „подготовките за самитот на Г20“. Што се однесува до рускиот претседател Владимир Путин, тој се уште не потврдил дека доаѓа на Бали.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни