Не постои доволно силен одговор од глобалните актери на убиствата на украински цивили, изјави вечерва претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по повод убиството на жители на селото Јарова во Доњецката област, кои стоеле во ред за пензии.
„Ова е само еден од многуте удари кои Русите секојдневно им ги нанесуваат на Украинците – на нашиот народ, на нашата држава. Русите продолжуваат да убиваат и страшно е што нема доволно силна реакција од глобалните актери. Токму тоа (рускиот претседател Владимир) Путин го доживува како дозвола да ја продолжи борбата – ако нема силен притисок, ако нема доволно силен одговор“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање, пренесе Укринформ.
Според зборовите на Зеленски, без нови санкции нема да има напредок во дипломатијата и во сите напори да се заврши војната.
Читај и ова:
- 1.ФОТО Пожар во Илинден – огнот се приближува до куќите
- 2.Кривична пријава против самостоен инспектор од СВР Битола – оддавал службени тајни
- 3.Полскиот премиер: Најблиску сме до војна од Втората светска војна
- 4.Руски дрон погоди станбена зграда во Полска, објавија локалните медиуми
- 5.Дневен хороскоп за среда, 10-ти септември 2025 година!