Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Русија овој месец лансирала повеќе од 3.500 беспилотни летала и речиси 190 ракети кон Украина.
Зеленски на социјалната мрежа X изјави дека покрај нападите, се евидентирани и провокации насочени кон украинските партнери, објави Ројтерс.
Тој нагласи дека ова е форма на „воздушен терор“ на кој Украина мора постојано да се спротивставува.
Зеленски: Русија лансираше повеќе од 3.500 дронови и 190 ракети во септември