Свет

Зеленски: Русите се кукавици, не сакаат да го признаат поразот

Зеленски: Русите се кукавици, не сакаат да го признаат поразот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија претрпе стратешки пораз во Украина и дека тоа веќе му е очигледно и јасно на целиот свет.

„На Русија едноставно и недостасува храброст да го признае тоа“, рече тој во своето ноќно обраќање.

Зеленски додаде дека руските сили се кукавици и се обидуваат да ја сокријат вистината зад ракетните, воздушните и артилериските напади.

“Стратешкиот пораз на Русија е веќе очигледен за сите во светот, дури и за оние кои продолжуваат да комуницираат со неа. Русија едноставно нема храброст да го признае тоа. Тие се кукавици. Тие се обидуваат да ја скријат вистината зад ракетните, воздушните и артилериските напади .

Затоа, наша задача е да се бориме додека не ги постигнеме нашите цели во оваа војна. Ослободете ја нашата земја, нашиот народ и обезбедете ја нашата безбедност“, напиша тој на Фејсбук со видео од обраќањето.

Тој им се заблагодари на медицинските сестри и болничарите што ги спасиле животите на украинските војници, додавајќи дека руските сили уништиле 570 здравствени установи од почетокот на војната.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни