Свет

Зеленски: Се надеаваме дека ќе ја завршиме војната оваа година!

Зеленски: Се надеаваме дека ќе ја завршиме војната оваа година!

Норвешки новинар го прашал Зеленски што се неговите надежи за Украина и нејзиниот народ по три години војна.

„Се надеаваме дека ќе ја завршиме војната оваа година“, одговорил тој, додавајќи дека било „многу тешко“ за целата нација.

Зеленски вели дека на краток рок Украина има потреба од безбедносни гаранции за да спречи Русија да се врати во следните години.

Тој исто така вели дека влезот во ЕУ и НАТО наскоро „ќе им помогне многу“.

Зеленски неодамна прифати дека ќе се повлече од функцијата претседател ако Украина биде примена во НАТО како дел од договорот. Русија изјави дека нема да го прифати ова како дел од каков било мировен договор.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни