Украинскиот претседател Володимир Зеленски призна дека украинските војници се повлекуваат од Авдеевка и додаде дека таквата одлука е донесена со цел да се зачуваат животите на луѓето, пренесува Спутник.
– Правична и професионална одлука е да се спасат животите на Украинците. Тоа е вистинската одлука, за да не бидеме опкружени, донесена е одлука да се повлечеме во други линии – рече Зеленски.
Да потсетиме, врховниот командант на украинските сили Александар Сирски одлучил украинските сили да се повлечат од Авдеевка и да тргнат во дефанзива.
Имајќи ја предвид ситуацијата околу Авдејдвка, решив единиците да се повлечат од градот и да тргнат во дефанзива“, напиша тој на социјалните мрежи.
Украинската новинска агенција UNIAN објави, повикувајќи се на командантот на единицата „Таврија“, Александар Тарнавски, дека украинските единици веќе ја напуштиле Авдејвка.