Зеленски: Сите ние во Украина би биле благодарни ако Трамп има можност да биде со нас на оваа средба во Турција

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски ја коментираше можноста американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на разговорите со Русија во Истанбул. Исто така изрази надеж дека рускиот претседател Владимир Путин „нема да ја избегне средбата“.

„Сите ние во Украина би биле благодарни ако Трамп има можност да биде со нас на оваа средба во Турција“, напиша Зеленски на социјалната мрежа „Икс“.

„Идејата е исправна, би можеле да промениме многу работи“, продолжи Зеленски, истакнувајќи дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган „всушност би можел да биде домаќин на самит“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното