Свет

Зеленски: Сите сме мета на Русија, помогни си себе со тоа што ќе ни помогнеш

Зеленски: Сите сме мета на Русија, помогни си себе со тоа што ќе ни помогнеш

Претседателот на Украина Зеленски истакна „Сите ние сме цел на Русија“ и му порача на Западот „Помогнете си себе си помагајќи ни нам“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека сите се цел на Русија и дека таа може да цели и на други делови од Европа.

Зеленски им се обрати на европските лидери преку видео-конференција на состанокот на Здружените експедициски сили што се одржа во Лондон, Англија.

Во својот говор, Зеленски им се заблагодари на земјите кои зазедоа „морален став“ против руската инвазија на Украина и повика на поголема поддршка за неговата земја.

„Помогнете си помагајќи ни“

Зеленски истакна дека доколку Европа не заземе став сега, Русија може да таргетира и други делови од Европа.

„Ние сè уште можеме да ја запреме руската воена машина. Сè уште можеме да спречиме да се убиваат луѓе. Ќе биде полесно да го направиме тоа заедно и да го запреме уништувањето на демократијата и да го запреме сега на нашата земја или тие ќе дојдат и кај вас. Сите ние сме руски цели. Помогнете си со тоа што ни помагате“, рече Зеленски.

Говорејќи по украинскиот премиер Зеленски, британскиот премиер Борис Џонсон изрази дека ова е „очаен момент“ и подвлече дека лидерите треба да направат повеќе за да ја поддржат Украина.

„Сосема со право не предизвикавте да направиме повеќе и знаеме дека можеме и мораме да направиме повеќе“, рече Џонсон.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни