Украина доби нацрт-закон за безбедносни гаранции од Соединетите Американски Држави и сега ќе го обработи тој предлог и ќе ги додаде своите предлози, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Ќе разговараме за ефикасни безбедносни гаранции и работиме на тоа. Исто како што направивме со 20-те точки и економските предлози, ќе работиме и со безбедносните гаранции од САД, додавајќи ги нашите идеи, реформирајќи го овој поднесен нацрт. Денес ќе ја споделиме нашата визија, а потоа за неколку дена ќе го предадеме овој документ на американската страна“, рече Зеленски за време на разговор со новинарите, пренесува Укринформ.
Зеленски додаде дека разговарал за безбедносните гаранции преку видео повик со американскиот државен секретар Марк Рубио, американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, како и со специјалниот претставник на САД Стив Виткоф.
