Свет

Зеленски вчера ги задолжи тајните служби да ја истражат хеликоптерската несреќа

Зеленски вчера ги задолжи тајните служби да ја истражат хеликоптерската несреќа

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги задолжи тајните служби да ги истражат причините за вчерашната хеликоптерска несреќа, во која загинаа 16 лица, меѓу кои и министерот за внатрешни работи Денис Монастирски, јави ДПА.

Причината за несреќата, која се случила во средата наутро, останува непозната, но за време на вечерното видео обраќање Зеленски ветил дека ќе го разјасни инцидентот.

Тој изјави дека министерот и неговиот заменик Евген Енин не се политичари кои „лесно можат да се сменат“, и посочи дека „ова е навистина голема загуба за државата“.

Канцеларијата на Зеленски, цитирана од агенцијата УНИАН, претходно објави дека 16 лица загинале, а 30 се повредени во несреќата во предградието на Киев Бровари. Меѓу жртвите има и три деца.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни