Свет

Зеленски: „Војната се враќа во Русија“

Зеленски: „Војната се враќа во Русија“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека војната „постепено се враќа“ во Русија, неколку часа откако Кремљ го обвини Киев дека ја гаѓа Москва со беспилотни летала, последен во серијата напади.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во неделата биле пресретнати три беспилотни летала, но дека бил погоден деловен и трговски центар во западниот дел на главниот град. Оштетени се петтиот и шестиот кат од 50-катницата, но нема повредени, јави државната новинска агенција „ТАСС“.

Видео снимката ги покажува урнатините, како и итните служби на местото на настанот.

– Украина станува посилна, а војната постепено се враќа на територијата на Русија, во нејзините симболични центри и воени бази – рече Володимир Зеленски во своето секојдневно обраќање и додаде дека „ова е неизбежно, природно и апсолутно праведно“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни