Свет

Земјотрес го погоди истокот на Австрија, почувствуван и во Словенија и Хрватска

Земјотрес го погоди истокот на Австрија, почувствуван и во Словенија и Хрватска

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди источниот дел на Австрија, а земјотресот е почувствуван и во Чешка, Словенија и Хрватска.

Земјотресот се случил во областа меѓу Грац и Виена во 2 часот и 59 минути, а епицентарот бил на длабочина од 10 километри.

Како што пренесува Вечерњи лист, земјотресот го почувствувале и граѓани од Хрватска, од Загорје и Загреб.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни