Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа на границата меѓу Сирија и Јордан, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу десет километри, јавува Ројтерс.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.