Земјотрес ја стресе Албанија!

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска Албанија.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран на 39 километри од главниот град Тирана.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното