ЕМСЦ забележа благ потрес на 16 километри од Сисак. Земјотресот се случил во 17 часот и 43 минути, но жителите на тие области не пријавиле тресење на тлото на Твитер профилот на ЕМСЦ.
Меѓутоа, на нивната веб-страница луѓето контактирале и многумина велат дека го почувствувале земјотресот.
Се јави момче од Петриња со сосема поинаков коментар.
„Позз од Петриња… ако има девојка за кафе, да ме извести“, напиша некој и реши да го искористи малото тресење на земјата за да проба состанок на слепо.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на Чунтиќ. Земјотресот бил со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот IV (четврта) според ЕМС скалата, соопшти Сеизмолошката служба на Република Хрватска. Претходно ЕМСЦ соопшти дека земјотресот бил со јачина од 3,0 степени според Рихтеровата скала.

