Свет

Земјотрес од 5,3 степени ја погоди Турција

Земјотрес од 5,3 степени ја погоди Турција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди денес Турција, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил на 14 километри од Анталија, на длабочина од 114 километри.

Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, потресот траел долго време и бил силно почувствуван, а мебелот се нишал во становите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни