Силен земјотрес со интензитет од 8,8 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Русија во раните утрински часови.
Тоа предизвика страв од цунами низ целиот Пацифик, а предупредувања и тревоги се во сила низ Јапонија, делови од САД, вклучувајќи ги Хаваи, Калифорнија и Алјаска, и Филипините.
Земјотресот би можел да биде шестиот најсилен досега.
На Хаваи , патиштата беа затрупани од сообраќај бидејќи жителите се обидуваа да избегаат на повисоки места.
Се очекуваше првите бранови на Хаваи да удрат во 19 часот по локално време (7 часот наутро по македонско време).
Во Јапонија , нуклеарните централи долж бреговите на Пацификот ја прекинаа својата работа.
Во Русија , има извештаи за некои повредени и бранови високи до четири метри на полуостровот Камчатка.
Гувернерот на Камчатка, Владимир Солодов, претходно изјави: „Денешниот земјотрес беше сериозен и најсилен во последните децении потреси“.
Во меѓувреме, Агенцијата за управување со катастрофи на Нов Зеланд предупреди дека крајбрежните области на земјата може да очекуваат „силни и необични струи и непредвидливи бранови на брегот“.