Свет

Земјотрес со јачина од 4,3 степени го погоди Истанбул

Земјотрес со јачина од 4,3 степени го погоди Истанбул

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Истанбул, соопшти турската служба за управување со кризи.

Неколку силни земјотреси беа почувствувани во западниот дел на градот во 19:33 часот по средноевропско време, но тие беа послаби отколку во средата.

Засега нема информации за евентуална штета или повредени.

Повеќе од 150 луѓе беа повредени во земјотресот со јачина од 6,2 степени и последователните шокови на 23 април во најголемиот турски град.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни