Свет

Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја стресе Италија

Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја стресе Италија

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 20:37 часот во Италија.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил на 13 километри од Фоџа.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 9 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни