Балкан

Земјотрес со јачина од 4 степени го погоди регионот на централна Србија

Земјотрес со јачина од 4 степени го погоди регионот на централна Србија

Земјотрес со прелиминарна јачина од 4 степени го погоди регионот на централна Србија околу пладне, потврдија за порталот N1 од Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија.

„Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 10 километри јужно од Параќин, 20 километри северно од Крушевац. Параќинчани се јавија, го почувствуваа земјотресот, но засега нема пријавени штети“, соопштија од Републичкиот хидрометеоролошки завод за порталот N1.

Ноќно студио

Најнова епизода

Петровска: Побаравме оставка од Филипче, нема разлика во цената за „Леонардо“ | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни