Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Западна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, цитиран од ТАСС.
Според неговите информации, епицентарот се наоѓал на 10 километри југоисточно од градот Измир на брегот на Егејското Море, каде живеат 2,5 милиони луѓе, на длабочина од 5 километри.
Нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета. Не е прогласена закана од цунами.