Свет

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала кај индонезискиот остров Суматра

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала кај индонезискиот остров Суматра

Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени е регистриран кај индонезискиот остров Суматра, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот се случи во провинцијата Јужна Суматра на длабочина од 47 километри.

Засега нема извештаи за повредени лица или материјална штета, ниту пак е издадено предупредување за цунами.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни