Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала е почувствуван утрово во морската област северно од грчкиот остров Крит, покажуваат податоците на Геодинамичкиот институт во Атина.
Се урна дел од зграда во центарот на Ираклион.
Земјотресот се случи во 6:19 часот по локално време, а беше почувствуван и во Атина.
Издадено е и предупредување за цунами.
Епицентарот на земјотресот бил лоциран на 56 километри северно од Неаполис, пренесува Катимерини.
Според првата проценка, неговата фокусна длабочина била пресметана на 60,3 километри.
Противпожарните служби се во состојба на готовност, соопштија локалните власти.
